Сообраќајна несреќа се случи попладнево на магистралниот пат Битола-Прилеп, пред село Тополчани, заради што сообраќајот е во прекин. Како што информираат од АМСМ, од 17:45 часот возилата се пренасочуваат по регионалниот пат Р-1101, по стариот пат. Други детали за сообраќајката не се соопштени.