Лекар од Клиниката за токсикологоја синоќа бил прободен со нож пред неговиот дом во скопската населба Чаир.
Лекарот добил две убодни рани, една во стомакот и една во пределот на половината, ноќва веднаш бил опериран и е надвор од живпотна опасност.
Заасега полицијата не дава информации за идентитетот на ранетиот лекар.
Нападот се случил пред влезот на домот на лекарот, кој тргнал на дежурство. Напаѓачот е во бегство и не се знае неговиот идентитет.
Повеќе детали за овој случај се очекуваат во текот на денот.