Search

10-те најскапи вили на Холивудските ѕвезди

Сценарио слично на тоа како во филм кога девојка од Англија, својата скромна куќа во која живее ја заменува со домот на ултра богата продуцентка која живее во Холивуд.

Токму така изгледаат куќите на славните актери, спортисти и телевизиски продуценти или водители. Иако се обични смртници како сите нас, нивните куќи не изгледаат како становите и куќите на обичните Земјани. Се издвојуваат поради неверојатниот луксуз, совршен стил и низа детали за забава и рекреација.

Погледнете во галеријата каде живеат Ким Кардашијан Вест и Каније Вест, Бијонсе и Џеј Зи и дознајте чив дом е најлуксузен.

Ова се 10-те најскапи вили на славните личност.

1. Ким Кардашијан Вест и Каније Вест

Вилата која ја поседува славниот пар се наоѓа во Бел Ер, Калифорнија. Има прекрасен поглед на Пацификот. Оваа вила чини 20 милиони долари.

2. Сајмон Кауел

Легендата од емисијата „Американски Идол“ и продуцентскиот могул, Сајмон Кауел, живее во фантастична вила во Беверли Хилс. Оваа луксузна вила има безбедносен систем како од Џејмс Бонд филмовите, кој чини милион долари, а вилата го чинела 29 милиони долари.

3. Еди Марфи

Легендарниот актер Еди Марфи, живее во луксузна куќа која има дури 32 соби. Куќата ја платил 30 милиони долари.

4. Елен Деџенерис и Порша Роси

Елен и Порша живеат во Лос Анџелес. Куќата поседува дури 9 купатила, 6 спални соби, а ја дизајнирал архитектот на славните, Кинси Џонс. За овој стаклен замок, тие издвоиле 39.8 милиони долари.

5. Роб Лоу

Некогашниот популарен актер Роб Лоу, живее на имот во Санта Барбара. Куќата поседува 20 соби, базен, соба за гејминг и теретана. Роб ја платил неверојатни 42 милиони долари.

6. Џеј Зи и Бијонсе

Џеј Зи и Бијонсе, летата ги поминуваат во огромна куќа која се наоѓа во Бриџ Хемптон. Вилата поседува огромен апартман, поголем од многу куќи, а за оваа убавина, парот издвоил 43 милиони долари.

7. Рајан Сикрест

Продуцентот и основачот на каналот Е, Рајан Сикрест, ја купил куќата во Беверли Хилс, од предмалку споменатите Елен Деџенерис и Порша Роси. Имотот поседува дури 3 куќи за гости. Главната куќа има 9 спални соби и 12 купатила. Ја платил 49 милиони долари.

8. Тајгер Вудс

Иако загубил доста пари, поранешната голф ѕвезда, Тајгер Вудс и понатаму живее во ултра луксузна куќа која поседува терен за голф, како и професионална теретана. Од секоја соба во куќата се гледа Атлантикот. Фантастичната куќа во Флорида чинела 60 милиони долари.

9. Анџелина Џоли

Анџелина Џоли живее со шесте деца во јужниот дел на Франција, во прав приватен дворец. Замокот како од бајките е опкружен со водени ровови за славната актерка да биде заштитена од непоканетите посетители. Актерката дворецот го платила 61 милион долари.

10. Опра Винфри

Кралицата на малите екрани, Опра Винфри живее во убедливо најскапата куќа. Вилата во Калифорнија поседува дури 10 камини, 14 купатила и 6 спални соби, а имотот се простира на 42 ари. Поседува цветна градина, уметничка галерија, соба за чај, вински подрум, гостинска соба и огромен базен. Славната водителка комплетно ја реновирала куќата, што значајно ја зголемило цената и сега таа е проценета за 85 милиони долари

Треба да знаете
Последни објави