Search

Џошуа се остри: Ќе му ја одвртам главата на Милер во осмата рунда

Ентони Џошуа, шампионот во тешка категорија ќе ги брани титулите против Џарел Милер, на 1 јуни во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.

Пред неколку дена, на прес-конференцијата, Милер го оттурна Џошуа, по што шампионот се закани дека ќе го среди во осмата рунда.

„Гледајте ме на 1 јуни во Медисон сквер гарден. Брутално ќе го нокутирам Милер во осмата рунда. Тој не може да се мери со шампионот, ќе му ја одвртам главата. Не ми е гајле за тоа што го зборуваат, затоа што не можат да се мерат со мене. Како дете бев слаб, но по 11 години правилно јадење, спиење, тренинзи и вистински избор станав тоа што сум сега“ – вели Џошуа.

Треба да знаете
Последни објави