Search

Џошуа во стилот на Кличко го победи Руиз за враќање на титулата

Ентони Џошуа повторно се врати на престолот во светскиот бокс откако во мечот на годината во Саудиска Арабија славеше во трилер-борба против бранителот на титулата во тешка категорија, Енди Роуз.

Британецот до победата дојде со одлука на судиите по 12 рунди тешка борба, на тој начин во реваншот против Руиз си ги врати појасите во четири верзии кои Мексиканецот му ги одзеде во првата нивна меѓусебна борба.

 

Сепак, Џошуа до победата дојде откако во текот на целиот меч доминираше. Многу подобро влезе во првите три рунди, успеа на противникот да му ја разбие и аркадата веднаш во првата рунда. Во четвртата рунда се зголеми тенцијата, Руиз почна да ги губи нервите а Џошуа трпеливо го „кршеше“ противникот.

За Џошуа ова е 23-та победа во 24-от меч во кариерата, а Руиз го запиша вториот пораз во својата 35-та професионална борба. Иако беше шампион, Руис од оваа битка ќе инкасира „само“ 13, а Џошуа ќе добие дури 55 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави