Search

Џон Батист ја предводи трката за „Греми“

Објавени се номинациите за „Греми“, кои ќе се доделуваат следната година, а трката за овие престижни музички награди ја предводи Џон Батист со 11 номинации, додека Џастин Бибер, Доџ Кат и Х.Е.Р. имаат по осум. Веднаш зад нив се Били Ајлиш и Оливија Родриго со 7 номинации.

Најважните категории (албум на годината, видео на годината, песна на годината и најдобар дебитант) се проширени и имаат 10 наместо досегашните 8 места за номинации.

Многу уметници од различни жанрови – вклучувајќи алтернатива, кантри, рап, поп, рок… – се борат за признанието дебитант на годината.

Батист и Џастин Бибер ќе се натпреваруваат за главната награда – албум на годината – заедно со тинејџерската сензација Оливија Родриго, Били Ајлиш, аренби уметникот Доја Кат, пејачката-текстописец HER, раперот Канје Вест, соработката на ветеранот Бенет со Лејди Гага, Тејлор Свифт и раперот Лил Нас икс.

Греми-наградите, највисоките признанија во музичката индустрија, ќе бидат доделени на церемонија во Лос Анџелес на 31 јануари.

Треба да знаете
Последни објави