Search

Џонсон не ја сака шкотската премиерка на владина седница

Британскиот премиер Борис Џонсон го спречи планот на седницата на неговиот кабинет да биде повикана и шкотската премиерка Никол Стерџен.

Предлогот да се повика шкотската премиерка на седница на британската влада го даде генералниот секретар на владата, Мајкл Гов, со цел да се неутрализира се поголемата поддршка на идејата за независност на Шкотска кај шкотската јавност, но и да и` се пружи можност на шкотската премиерка да зборува за прашањата кои се однесуваат на целото Обединето Кралство.

Но, на Џонсон не му се допадна идејата „Никол Старџен да биде на исто ниво на политичко значење како и тој“ наведува доверлив извор за Ројтерс.

Мнозинство од 54 проценти од Шкотите се за отцепување на Велика Британија затоа што шкотската Влада, според граѓаните, подобро се справила кризата со коронавирусот од владата на Џонсон.

Треба да знаете
Последни објави