Search

Џонсон: Не ја лажев кралицата за суспензијата на парламентот

Британскиот премиер Борис Џонсон ги негираше тврдењата дека ја излажал кралицата Елизабета во врска со причината за суспендирање на парламентот на пет недели, откако судот пресуди дека неговата одлука да го стори тоа е незаконска.

Парламентот беше суспендиран во понеделникот до 14 октомври, а противниците на Џонсон велат дека овој потег е осмислен за да ги спречи нивните обиди помно да ги проучат плановите на премиерот да ја напушти Европската Унија и да му овозможат да спроведе брегзит без договор на 31 октомври, пренесува „Ројтерс“.

Највисокиот апелационен суд во Шкотска донесе одлука во средата дека суспензијата не е законска и ги ограничува правните застапници, поради што противниците на Џонсон го обвинија дека ја лажел кралицата за причината за суспензијата.

Џонсон изјави денеска дека тие тврдења не се точни.

Треба да знаете
Последни објави