Search

Џонсон ги повика пратениците да ги поддржат новите регионални мерки

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги повика пратениците да го поддржат неговиот нов систем на регионални рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.

За над 40 проценти од луѓето што живеат во Англија, ограничувања ќе бидат воведени во нивниот секојдневен живот, откако владата утре ќе премине на регионален пристап утре, по еден месец национално „затворање”.

Џонсон истакна дека системот е потребен за да се држи вирусот под контрола.

Мерките се очекува да бидат усвоени во парламентот подоцна денеска, и покрај фактот дека голем број конзервативци ќе гласаат против, бидејќи главната опозициска Лабуристичка партија одлучи да гласа воздржано, наместо да гласа против владата.

Треба да знаете
Последни објави