Search

Џејмс Корден презеде законски мерки против демначка

Британскиот актер и комичар Џејмс Корден, водител на популарното „Лејт лет шоу“ успеа да издејствува привремена мерка – забрана за приближување до неговиот дом за жена која тврди дека сака да се омажи за него.

Домаќинот на The Late Late Show, кој е во брак со Џулија Кери – добива заштита од жена која во повеќе наврати ја нарушила приватноста на неговиот дом во Лос Анџелес, откако претходно ги изразила своите фрустрации поради неговата сопруга и му рекла дека треба да ја остави и да се ожени со неа.

Според „ТМЗ“, правниот тим на Џејмс минатата недела побарал од судот да добие привремена мерка забрана за 30-годишна неименувана жена.

Во правните документи добиени од порталот, Џејмс тврди дека жената стоела пред неговиот дом неколку пати во текот на изминатите неколку месеци. Таа летово цели шест дена кампувала во својот автомобил пред неговата куќа, но морала да замине по интервенција на полицијата.

Жената, наводно, ѝ рекла на полицијата дека планира да отпатува во Лас Вегас со Џејмс за да се омажи за него, и тврди дека неговата сопруга „ѝ го украла“.

Според Џејмс, жената претставува закана за неговата сопруга – со која е во брак од 2012 година – и нивните три деца.

Треба да знаете
Последни објави