Search

Џејми Оливер го обвини брегзитот за пропаста на неговите ресторани

Британскиот готвач Џејми Оливер смета дека брегзитот е една од причините поради кои пропадна неговиот синџир ресторани.

Тој рече дека луѓето престанале да одат во ресторани во 2016 година поради економската неизвесност предизвикана од брегзитот.

По пропаста на синџирот ресторани „Џејми Оливер ресторант груп“, 1.000 Британци ги загубија своите работни места.

Од 25 ресторани што Оливер ги има низ Велика Британија, 22 се затворени во последните месеци, а преостанатите три работат блиску до аеродромот „Гетвик“ во Лондон, но и нивната судбина е неизвесна, пренесува ЦДМ.

Треба да знаете
Последни објави