Search

Џенифер Лопез и свршеникот наскоро добиваат принова?

Откако го одложија застанувањето пред олтарот

Пред пандемијата од корона вирусот, светот сакаше да ја види една од најисчекуваните венчавки на годината- венчавката на Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез. Но, како и сите настани во надоаѓачките месеци – венчавката е откажана. Иако се ‘шушкаше’ дека 50-годишничката размислува дали воопшто сака да застане пред олтарот, светските медиуми сега се распишаа дека таа и свршеникот, наместо венчавка, се одлучиле да имаат дете.

https://www.instagram.com/p/CCEQ19yJAum/

Наиме, таблоидот Heat пишува дека Џенифер и Алекс, со оглед на тоа дека венчавката им е одложена, одлучиле тоа време да го искористат најдобро што можат, поточно, за принова. ‘Ќе одредат нов датум кога работите малку ќе се ‘смират”, вели изворот и додава дека и покрај одложувањето на венчавката, Џенифер и Алекс се сигурни дека остатокот од животот сакаат да го поминат заедно…

Преземено од popara.mk

 

Треба да знаете
Последни објави