Search

Џенифер Лопез и Метју Меконахи се сеќаваат на нивниот бакнеж на екранот во „Планер за венчавки“

Номинираната за „Златен глобус“ Jенифер Лопез и оскаровецот Метју Меконахи повторно се обединија преку „Инстаграм лајф“ во вторникот за да ја прослават 20-годишнината од филмот The Wedding Planner.

Џенифер и Метју,сега и двајцата 51-годишници, ги портретираа организаторката на венчавки Мери Фиоре и педијатарот Стив Едисон во романтичната комедија на Адам Шенкмен во 2001 година.

„Се уште се чувствува како да беше вчера. Токму вчера бевме на средина од тоа поле во киносалата,“ рече Џенифер, која може да се пофали со 140 милиони следачи на Инстаграм.

„Се сеќаваш ли кога ја снимавме сцената каде што требаше да ме бакнеш? Јас добро се сеќавам дека ми рече: „Госпоѓице Лопез, сега ќе те бакнам“. А јас одговорив : Добро, ајде да го сториме тоа.“

Треба да знаете
Последни објави