Search

Џенифер Анистон за прв пат во својот живот отвори „Инстаграм“ профил

Актерката Џенифер Анистон конечно отвори „Инстаграм“ профил. А првата фотографија што ја стaви е селфи со екипа од хумористичната серија „Пријатели“. За оваа фотографија  доби осум ипол милиони лајкови .

https://www.instagram.com/p/B3o8vWDhlOh/

Анистон долго време се мислела дали да отвори профил на социјалните мрежи. Иако таа велеше дека нема да отвори профил, сепак на крај се приклучи на милионите корисници на „Инстаграм“.

„Сега сме и инстаграм пријатели“, напишала Анистон под објавената фотографија со своите колеги Дејвид Швимер, Метју Пери, Мет Ле Блан, Кортни Кокс и Лиса Кудров.

Треба да знаете
Последни објави