Search

Џенифер Анистон ги одушеви сите, особено медицинската сестра заразена со коронавирус

Џенифер Анистон му помогна на својот пријател, телевизискиот презентер Џими Кимел, да направи големо изненадување за медицинска сестра заразена со вирусот „Ковид-19“, поради што две недели се наоѓа во строга изолација од семејството и нејзините две мали деца.

51-годишната холивудска актерка се вклучи во шоуто на Кимел преку видеоповик за да ја поздрави Кимбел Фербанкс, медицинска сестра од Јута и јавно и се заблагодари на неа, како и на сите други медицински сестри, за храброста и несебичноста да ги подредат своите животи на пациентите на штета на своето семејство.

„Само сакам да кажам – Бог да те благослови тебе и сите оние што го правите ова. Не знам со кои зборови да ја изразам својата благодарноста за се што правите ставајќи ги во опаност вашето здравје. Неверојатни сте“, рече Џенифер Анистон.

Џенифер Анистон, која веќе три недели е во изолација од претпазливост во својот дом, на Кимбол Фербанкс и даде подарок-картичка на која има 10 000 долари, а изненадувањето е уште поголемо што такви подарок-картички ќе добијат сите медицински сестри кои работат со неа во одделот.

Треба да знаете
Последни објави