Search

Џафери сè уште не го известил Пендаровски дека Собранието е конституирано

Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, си уште не испратил до претседателот на државата Стево Пендаровски известување дека Собранието е констиуирано, а на прашањето на Канал 5 зошто тоа не е направено и дали ова значи дека рокот за мандатот сè уште не е почнат, од Кабинетот на Џафери не бил испратен никаков одговор.

Но, од ДУИ, партијата на Џафери, пренесува Канал 5, истакнале дека без известување дека Собранието е конституирано не може да броиме денови до доделување на мандатот.

Од кабинетот на Пендаровски не се согласуваат со ваквото толкување. Оттаму потврдуваат дека до Вила Водно досега не е пристигнато ништо од Собранието. Но, и покрај ова Пендаровски веќе од средата брои 10 дена до чинот на доделување на мандатот.

Треба да знаете
Последни објави