Search

Џафери: Собранието не е надлежно за барањата во иницијативата од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ѝ порача на ВМРО-ДПМНЕ нивната иницијатива за побрзо усвојување на Закон за ратификација на пристапниот протокол за НАТО да го го препрати до владата бидејќи таа, а не Собранието е предлагач на закон за ратификација.

Џафери објасни дека тоа не е обврска на Собранието.

-Според Деловникот, надлежноста за поднесување на предлог закон за ратификација на протоколот од НАТО е во надлежност на Владата, рече Џафери.

Согласно членот 60 алинеја 6 од собранискиот Деловник врз чија основа ВМРО ДПМНЕ ја доставило иницијативата , не се однесува на него туку на Владата која е единствено надлежна да предлага Закони за ратификација за  меѓународни договори.

ВМРО ДПМНЕ денеска достави иницијатива адресирана до  Џафери потпишна од 31 пратеник со која побараа од Џафери  да се обрати до Владата, со иницијација таа  во најскоро можно време   да го достави до законодавниот дом,  Законот за ратификација на пристапниот протокол за НАТО. Ваквата иницијатива има за цел да го забрза и да го обезбеди  ратификувањето на Северноатлантскиот договор и пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на Собранието, пред истото да се распушти во законски утврдениот рок  согласно распишаните предвремени парламентарни избори закажани за 12-ти април.

 

Треба да знаете
Последни објави