Search

Џафери: Посебноста на секоја заедница поодделно е заштитен знак на нашата земја

Бескрајни се можностите за взаемна поддршка и соработка кога се работи за традиционално искрени и добри пријателства засновани на вистински вредности и чиј мост на поврзување се граѓаните од двете земји, таквите релации можат да бидат само посилни и се разбира во корист на граѓаните, порача претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во своето обраќање на Симпозиумот „Изгубените вредности на турската култура на Балканот и Источна Европа”.

Тој посочи дека му е чест што во негово име и од име на пратениците во Собранието има можност да го поздравам отворањето на овој значаен симпозиум на кој е присутне и претседател на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, како и да им го честита 21 декември, Денот на наставата на турски јазик во Република Северна Македонија на нашите сограѓани припадници на турската заедница.

– Сакам да нагласам дека богатството на мултиетничките општества е токму во богатството од јазици, култури, традиции и се разбира, вредности кои претставуваат идентитет и посебност на секоја заедница поодделно и се нејзин заштитен знак а во нашата земја, тоа се рефлектира на одличен начин, рече Џафери.

Собранието на Република Северна Македонија и Големото национално собрание на Република Турција, додаде, ги карактеризира плодна соработка и тоа, како на билатерално ниво, така и на мултилатерално ниво, во рамките на меѓународните парламентарни собранија каде што се членки двата законодавни дома.

– Се надевам дека взаемните средби и посети на највисоко државно ниво ќе резултираат со договарање и склучување на уште стотина други договори кои се неопходната законска рамка за непречено одвивање на политичките, економските и сите други односи, при што, со задоволство ќе констатирам дека за пријателските, роднински и сите односи помеѓу обични те граѓани на двете земји, не траба ништо да се додаде, односно, врските се толку силни, историски, традиционални и топли, што можат да послужат за пример за сите држави во регионот, рече Џафери.

Потсети дека земајва е силно посветена на евроатланската интеграција и на промоцијата и споделувањето на заедничките вредности и одговорности на НАТО, како негова 30-та земја-членка.

-На тој пат кој што набрзо ќе се круниса, сме имале безрезервна поддршка од сите земји членки и затоа, сакам да ја искористам оваа можност и присуството на колегата Шентоп и да изразам благодарност до турското Собрание за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, што е чин на искрена поддршка, а покрај тоа, ќе биде продолжување на соработката во полето на одбраната, потенцира Џафери.

Треба да знаете
Последни објави