Search

Џафери: Нема гласање без одлука на комисијата, а одговорноста за евентуално бегство на Вељановски ќе биде на судот

Одговорноста за евентуално бегство на Трајко Вељаноски кому не му беше одземен имунитетот не може да се бара во Парламентот, туку ќе биде кај судот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите.

Според него, погрешен е впечатокот дека тој го штити Вељановски,  бидејќи како претседател на Собранието не можел да внесе лични чувства, иако во случајот имал милион причини за тоа.

Тој повтори дека за Собранието да донесе одлука за барањето за притвор на Вељаноски мора да има одлука на комисијата за мандатно-имунитетни прашања.

-Проблемот се јави, објаснува тој бидејќи не е деловнички предвидено како да се постапи кога комисијата нема заклучок бидејќи има ист број гласовите за и против. Нема процедура не можам ад хок да смислам процедура, рече Вељаноски.

Џафери кажа дека закажал седница по Извештајот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, но за првпат резултатот бил 4 „за“ и 4 против и тој имал дилеми ,,по кој заклучок треба да гласа Собранието“.

 

Треба да знаете
Последни објави