Search

Џафери на средба со ученици и наставници од „Партенија Зоографски”: Се што зависи од човечки фактор е решливо

По повод Светскиот ден на знаковниот јазик, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, прими претставници на учениците и наставниците од училиштето за средно стручно образование за деца со оштетен слух ДУЦОР „Партенија Зографски”.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери истакнал дека, доколку се има храброст, сила, борбеност и поддршка од околината, нема невозможни нешта во животот.

-Собранието секогаш има и ќе има отворени врати за сите граѓани, за нивните идеи и иницијативи кои треба да се преточат во закони и на тој начин да се надминат постојните пречки, рекол џафери.

Тој потенцирал дека ниедна пречка не е преголема и дека ниеден проблем не е нерешлив, доколку зависи од човечки фактор.

Професорката Викторија Волак, му се заблагодарила на претседателот Џафери за неговата отвореност, непосредност и едноставноста на процедурите за остварување на оваа средба, како и за искажаната волја да се решаваат проблемите на кои наидуваат.

Претседателот на Собранието им посакал на учениците да не престануваат да истражуваат нови хоризонти на знаење, да постигнат врв во своите професионални кариери  и следната средба да биде еднакво пријатна, но, побројна.

Треба да знаете
Последни објави