Search

Џафери: Законот за јавно обвинителство е донесен во сооветна процедура

– Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека Законот за јавно обвинителство е донесен во соодветна процедура и оти поради реакцијата на пратеници дека не им регистрирано гласањето, го поништил и овозможил повторување на гласањето, додека за измените и дополнувања на Законот за советот за јавни обвинители.

-Прво и основно Законот за јавно обвинителство е донесен во соодветна процедура и доколку на лице место се утврди дека пратениците се внатре и реагираат дека не го оствариле своето право да се изјаснат моја обврска е да поништам постапка, да овозможам реакција на тоа што поради техниката не можеле да ја изразат својата волја. И од таа причина јас го поништив гласањето и овозможив повторување на гласање за да можат пратениците кои веќе реагираа, а беа внатре да можат да изразат волја. И во тој конктекст нема никаков проблем во слисла на процедура, рече Џафери одговарајќи на новинарско прашање дали е подготвен на одговорност доколку Уставниот суд го поништи гласањето.

За измените и дополнувањата на Законот за советот за јавни обвинители кажа дека тој направил грешка и дека во официјалното сценарио кое е архивирано стои дека законот се носи само со просто мнозинство.

-Да, јас згрешив, рече претседателот на Собранието на последната прес-конференција денеска, по распуштањето на Парламентот и распишувањето на изборите и додаде дека бил воден „од претходните седници дека две законски решенија беа изгласани со Бадентер”.

-И воден од тоа јас кажав да се подготват да гласаат со Бадентер. Кога го видов официјалното сценарио тогаш сватив дека сум во грешка и мислам дека најнормално е човек во таква атмосфера, во такви услови и да направи грешка. И тоа е моја грешка, и не е нешто што се случило па произлегле последици од тоа што сум го кажал затоа што официјалниот дел од сценариото кое е архивирано е тоа што законот е изгласан без Бадентерово мнозинство, затоа што така е регулирано и во Уставот. Впрочем, ова беа измени и дополнувања на Законот, измените и дополнувањата на законот се донесуваат во иста постапка и процедура како што е донесен и основниот закон. Основниот закон е донесен без Бадентер, така се донесува и измената и дополната. Тоа може да се потврди и со сценариот и со листингот кој е веќе е објавен, рече Џафери.

За својата и работата на последниот собраниски состав во Кабинетот на Џафери се подготвува извештај, кој ќе биде објавен и ставен на веб страната на Парламентот.

На овој собраниски состав не донесени му останаа околу 150 точки на дневен ред на заостанати седници, меѓу нив закони во прво и во второ читање, автентични толкување, изјаснувања за извештаи и слично.

Треба да знаете
Последни објави