Search

Џафери: Во јуни очекуваме почеток на процесот на преговорите со ЕУ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за време на студиската посета во Единбург, Шкотска оствари работна средба и со претседателот на шкотскиот парламент, Кен Мекинтош.

Џафери го информираше домаќинот за актуелната политичка состојба во нашата земја и за напорите во насока на исполнувањето на потребните предуслови за постигнување на стратешките цели, односно полноправното членство во НАТО и ЕУ.

„По постигнувањето на Договорот со Бугарија и Договорот со Грција, Република Северна Македонија го одблокира патот на евроатланска интеграција и во моментов се одвива ратификацијата на Протоколот за пристапување на земјата во НАТО во националните парламенти на земјите членки на НАТО и очекувањата се дека до крајот на 2019 или почетокот на 2020, таа цел ќе биде остварена. Во однос на ЕУ, покрај скринингот, очекуваме дека во јуни оваа година ќе се отвори процесот на пристапни преговори со ЕУ“, рече Џафери.

Претседателот на шкотскиот парламент, се интересираше за начинот на функционирање на Собранието, при што изрази мислење дека размената на взаемните искуства може да биде од полза за двата Парламенти. Што се однесува на билатералната парламентарна соработка, заедничка е констатацијата во однос на важноста таа соработка да продолжи и да се продлабочи. Во таа насока, формирани се групи за соработка во двата парламенти и двајцата соговорници ја охрабруваат и подржуваат таа соработка, особено ако се има предвид драгоценото искуство од парламентарното работење за пртениците и службениците. Џафери го покани неговиот хомолог на официјална посета во Република Северна Македонија, нешто што Мекинтош го поздрави со голем позитивизам. На крајот на средбата, двајцата соговорници разменија погодни подароци.

Македонската делегацијата имаше работна средба и во шкотскиот државен завод за ревизија, каде се информираше на непосреден начин за начинот на разгледување на ревизорските извештаи во парламентот.

Треба да знаете
Последни објави