Search

Ќе му плаќам на Кими да не си замине, се шегува Хамилтон

Луис Хамилтон се пошегува дека мора да започне да му плаќа на Кими Раиконен за да не ја напушти Формула 1, за и понатаму тој да биде најстар на стартната линија.

Финецот има 40 години, а откако замина Роберт Кубица, втор највозрасен е шесткратниот светски шампион.

„Морам да започнам да му плаќам на Кими, за да не сум најстар! За среќа, тој планира да продолжи. Јас воопшто не се чувствувам стар. Се чувствувам помладо од кога било. Јас сум во многу добра форма, најдобрата некогаш. Со искуството што веќе го стекнав, сè изгледа многу подобро. Сè се сведува на инвестирање сто проценти од вашата енергија секој викенд, изјави шампионот на Ф1.

Треба да знаете
Последни објави