Search

Љуботен и Раштак без струја и вода два дена

Љуботен и Раштак  без струја и вода два дена

Половина од селото Љуботен и Раштак веќе 24 часа е без струја. Поради исклучената струја, жителите немаат и вода за пиење.

Пред околу еден месец жителите на Љуботен и Раштак биле исклучени од напојување со струја цели 36 часа.

Тие отворено се сомневаат дека исклучувањето од струја е своевидна казна поради тоа што некои жителина околните села  не плаќаат струја.

-Можеби е така во соседните села, но ние, во Љуботен, таков проблем немаме.колку што ми е познато, нема масовно неплаќање на струја.

24 инфо побара информации од градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски што се случува изминативе 24 часови со електричниот систем во делот од општина Бутел ?

Со ЕВН Македонија изминатите часови сме во жешки телефонски разговори да се одстрани дефектот и од нивна страна е објаснето дека до 12:30 часот ќе бидат пуштени трафостаниците од селата во спротивно јас со граѓаните од територијата на општината ќе превземене по радикални мерки вели во телефонскиот разговор градоначалникот Смилевски.

Треба да знаете
Последни објави