Search

Јункер до Британците: Соземете се и кажете што точно сакате

Претседателот нс Европската комисија Жан Клод Јункер денеска ја повика Велика Британија да се соземе и да одлучи што точно сака во пресрет на излегувањето од Европската Унија.

Британија би требало да ја напушти ЕУ на 29 март следната година, но нејзиниот парламент не го одобри договорот за брегзит, кој го предложи владата, а на кој многумина пратеници се противат, пренесе АП.

Високиот британски министер за брегзит, Лиам Фокс вели дека шансите се 50-50 Велика Британија да не ја напушти ЕУ на 29-ти март, ако следниот месец пратениците го отфрлат договорот за брегзит на премиерката Тереза Мај.

Пратениците во јануари следната година треба да гласаат за договорот за повлекување, при што Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29-ти март.

Договорот што го преговара Мај со ЕУ – кој ги поставува условите за излез на Велика Британија и декларација за идните односи – ќе стапи во сила само со мнозинство во парламентот.

Гласањето требаше да се одржи на 11 декември, но премиерот го одложи откако стана јасно дека ќе биде поразена со голема разлика, пренесе Би-би-си.

Треба да знаете
Последни објави