Search

„Јувентус“ не смее да киксира на „Местаља“, „Реал“ на тежок испит во Рим

Натпреварите во рамките на петтото коло, во Лигата на шампионите, ќе се одиграат вечерва и утре. Вечерва „Баерн“, „Ајакс“, „Манчестер Сити“ и „Јувентус“, имаат можност и теоретски да го обезбедат пласманот во осмина-финалето. Вечерва во терминот од 18:55 часот ќе се одиграат дуелите АЕК-„Ајакс“ и ЦСКА Москва-„Викторија Плзен“, останатите дуели на програмата се во терминот од 21 часот.

Само чудо може да ги спречи „Баерн“ и „Ајакс“ да не ги освојат првите две позиции во Е-групата. Вечерва Баварците против „Бенфика“, а „Ајакс“ против АЕК во Атина можат, на коло до крајот да се пласираат во нокаут фазата.

„Баерн“ е лидер со 10 бода, „Ајакс“ има осум, „Бенфика“ четири, а АЕК без освоен бод.

Група Е:

18.55 АЕК-Ајакс
21.00 Баерн-Бенфика

„Манчестер Сити“ ќе гостува во Лион, во Ф-групата и еден освоен бод е се промовира во осмина-финалист. Сити ќе бара одмазда за сензационалниот пораз на домашен терен, од овој притивник, во првото коло. Во вториот меч „Хофенхајм“ ќе го пречека „Шахтјор“. Двата тима веројатно се борат за третото место и пласман во Лига Европа.

Сити води во групата со девет бода, „Лион“ има шест, „Хофенхајм“ три, а „Шахтјор“ два бода.
Група Ф:

21.00 Хофенхајм-Шахтјор
21.00 Лион-Манчестер Сити

Многу блиску до наредната рунда се „Реал“ и „Рома“ од Г-групата. Вечерашниот дуел е борба за првата позиција во групата. Доколку вечерва има победник, тимот што ќе ги освои бодовите ќе се промовира во осмина-финалист.ЦСКА ќе го пречека тимот на „Викторија“ и ова е дуел за третото место.

„Реал“ и „Рома“ имаат по девет бода, ЦСКА четири, а „Викторија“ еден бод.

Група Г:

18.55 ЦСКА Москва-„Викторија Плзен“
21.00 „Рома“-„Реал Мадрид“

Најнеизвесно е во Х-групата каде „Јувентус“ води со девет бода, два повеќе од „Манчестер Јунајтед“, „Валенсија“ има пет, а „Јанг Бојс“ со еден бод се пред елиминација.

„Јувентус“, нема право на кикс против „Валенсија“, исто како и „Манчестер Јунајтед“ против швајцарскиот шампион.

Група Х:

21.00 Јувентус-Валенсија
21.00 Манчестер Јунајтед-Јанг Бојс

Треба да знаете
Последни објави