Search

Јувентус и Интер ќе го играат пред празни трибини

Министерот за спорт во Италија, Винченцо Спадафора донесе одлука шест мечеви од 26. коло во фудбалската Серија А викендов да се играат пред празни трибини, поради коронавирусот. Во Италија, од коронавирус заразени се повеќе од 200 лица, а досега има седум починати.

Најмногу погоден од вирусот е северниот дел во Италија, поради што е донесена одлука сите мечеви во тој регион да се играат без присуство на навивачи. Еден од тие мечеви е дербито на Италија кое на програмата е в недела, а во кое во Торино, Јувентус е домаќин на Интер.

Останатите мечеви се Удинезе-Фиорентина, Милан-Џенова, Парма-СПАЛ, Сасуоло-Бреша и Сампдорија-Верона.

Првиот меч кој ќе се игра без публика во овој регион е дуелот од Лига Европа во кој Интер в четврток го пречекува Лудогорец.

Треба да знаете
Последни објави