Search

Јувентус ги нуди Дибала и Сандро за Погба

 Пауло Дибала и Алекс Сандро во замена за Пол Погба, е последната понуда што италијанскиот шампион Јувентус му го понудил на Манчестер Јунајтед.

Како што пишува „Сандеј експрес”, „старата дама” смета дека со ваквата размена ќе успее да го намали износот што за Погба го бараат „ѓаволите”.

Сепак, ваквите комбинации во голема мера зависат од тоа кој ќе биде идниот тренер на Јуве во заминувањето на Алегри.

Инаку, Погба често ги поминува одморите во Торино, каде што играше пред да замине во Манчестер, а последен пат бил виден на прошталната забава на поранешниот клубски колега Андреа Барзаљи.

Треба да знаете
Последни објави