Search

Јувентус без Киеза до јануари

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза, поради повреда на бутот ќе отсуствува од терените до јануари, објави торинскиот клуб.

Киеза заработи повреда на левата бутина на вчерашниот натпревар против Аталанта. Напаѓачот на Јувентус мораше да ја напушти играта на полувремето од натпреварот, кој Јувентус го загуби со 0:1.

Последниот натпревар во италијанската Серија А ќе се одигра на 22 декември, пред паузата која ќе трае до 6 јануари. Се очекува враќањето на Кијеза по паузата.

Јувентус моментално е на осмото место во италијанската Серија А.

Треба да знаете
Последни објави