Search

Јовановски: Да се ангажираат редарите на банките и граѓаните да почитуваат дистанца

– Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски апелира до банките да ја засилат редарската служба за да не се случуваат сликите пред банките со огромни редици на збиени граѓани пред влезовите.

Според Јованоски, невозможно е да имаме слики на турканици и редици и покрај сите мерки и препораки.

-Не може да поверувам дека покрај сите апели, мерки, се случуваат такви турканици пред банките и маркетите. Станува збор за одговорност на банките, но и на институциите. Апелирам до редарските служби на банките да се избегнат ситуациите на турканиците пред влезовите. Ги упатив сите комунални редари од општината, заедно со полициско засилување, да се намалат турканиците. Но, за жал и покрај сето тоа, не се намалија турканиците, рече Јованоски барајќи од банките да го регулираат тоа и да најдат начин да нема турканици.

Јованоски го повторува апелот до граѓаните да не се туркаат, да држат растојание и да се придржуваат на мерките.

Тој им го честита денот на здравствените работници кои, рече, се „хероите на новото време”.

Јованоски информираше дека нема нови затворени фирми. На инфективното одделение во градската болница се четири слуачи од кои едно лице е во тешка ситуација. Денеска се дезинфицирани сите улици, и оние попречните. Дезинфекцијата продолжи во време на полицискиот час и ќе ги опфати сите институции.

Со оглед на тоа утре мерките се заоструваат и полицискиот час ќе почне во 16 часот, ќе се знае кои маркети ќе работат за да се доставува храна и продукти во домовите на прилепчани.

Треба да знаете
Последни објави