Search

„Јизи“ и „ГАП“ потпишаа 10-годишен договор за соработка

Каније Вест потпиша договор за соработка со „ГАП“ за да го направи својот бренд Јизи поблизок до широките маси, а малопродавачот (Гап) се надева дека партнерството ќе генерира милијарда долари.

„Каније Вест потпиша дестгодишенгодишен договор со Гап за да ја понуди неговата модна линија Јизи на малопродажба,“ компанијата на раперот објави во петокот.

Линијата „Јизи Гап“ ќе има достапни цени и се очекува да се најде во продавниците во почетокот на 2021 година.

44-годишниот рап моглул ја потврди веста на Твитер заедно со слика на буквите YZY на местото на зборот Гап во познатото сино квадратно лого на продавниците за облека.

Таблоидите наведуваат дека двата бренда се задоволни со договорот и потестуваат дека Вест всушност работел во локална продавница „Гап“ кога бил тинејџер.

Во април, Форбс официјално го прогласи 44-годишниот рапер милијардер, чија што нето вредност значително порасна поради соработката на Јизи со Адидас.

Марката „Јизи“ неодамна беше проценета на 2.9 милијарди долари, се наведува во соопштенијата за медиуми.

Треба да знаете
Последни објави