Search

Јеменските Хути се заканија со напад со дронови врз Абу Даби

Јеменските Хути се заканија со напад со дронови врз Абу Даби, финансискиот центар на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Непосредно откако Саудиска Арабија го обвини Иран за напад врз рафинерија, Хутите се заканија со нови напади, надвор од границите на Саудиска Арабија.

– Имаме на дострел десетици мети во ОАЕ и можеме да нападнеме во секој момент, изјави портпаролот на бунтовниците Јахја Сарија.

Тој истакна дека ОАЕ треба да го прекинат учеството во агресијата на Јемен „доколку сакаат да ги заштитат своите стаклени облакодери”.

Претставникот на Хутите нагласи дека групата набавила нови дронови кои имаат млазни мотори, кои значајно ќе го зголемат нивниот дострел.

Хутите ја презедоа одговорноста за нападот врз нафтените објекти во Саудиска Арабија, што предизвика проблем во глобалното снабдување со нафта.

Треба да знаете
Последни објави