Search

Јарослав Качински најверојатно се враќа во владата како заменик премиер

Најмоќниот полски политичар Јарослав Качински, лидер на конзервативната партија Право и правда (ПиС), најверојатно ќе биде заменик-премиер во обидот да завршат расправиите во владеачкото мнозинство, јавува ДПА

-Се укажува на тоа дека Јарослав Качински влегува во владата како заменик-премиер, изјави денеска заменик спикерот на Долниот дом Ришард Терлецки.

Качински, кој беше премиер од 2006 до 2007 година, досега претпочиташе настаните да ги раководи од заднина откако неговата партија се врати на власт кон крајот на 2015 година и оттогаш тој нема никаква официјална функција во извршната власт.

-Како заменик-премиер Качински најверојатно ќе претседава со новиот безбедносен комитет, што ќе ја  надгледува работта на Министерството за правда, рече Терлецки.

Германската агенција наведува дека токму кавгите во ПиС, особено со фракцијата на министерот за правда Збигњев Зиобро го донесе полското владеачко мнозинство до неговата најсериозна внатрешна криза од враќањето на власта.

ПиС тврди дека Зиобро и пратениците кои му се лојални барале премногу моќ во идната реконструкција на кабинетот, што предизвика шпекулации за распаѓање на парламентарното мнозинство ПИС, што може да резултира со малцинска влада или предвремени избори.

Конфликтот особено се интензивираше откако фракцијата на Зиобро не ги поддржа последните законски предлози поднесени од ПиС.

Треба да знаете
Последни објави