Search

Јапонски ловци ‘придружувале’ руски бомбардери на планиран лет над Тихиот Океан

Руското Министерство за одбрана соопшти во четвртокот дека руски бомбардери Ту-95МС таргетирале јапонски ловци во одредени фази од планираниот лет над Тихиот Океан, пренесува „Спутник“.

„Два стратешки бомбардери Ту-95МС на руските воздухопловни сили спроведоа планиран лет над неутралните води на Јапонското Море, Источно Кинеско Море, Јужно Кинеско Море и западниот дел на Тихиот Океан. Во одредени фази на рутата, руските авиони беа засенети од  јапонски ловци Ф-2 и Ф-15 “, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека летот траел повеќе од 14 часа.

Министерството истакна дека летот бил спроведен во целосна согласност со меѓународното право и правилата за користење на воздушниот простор над неутралните води, без нелегално преминување на границите на јапонскиот воздушен простор.

Претходно истиот ден, јапонското Министерство за одбрана тврдеше за НХК дека руски бомбадери двапати во четвртокот нелегално влегле во националниот воздушен простор на Јапонија. НХК во четвртокот објави дека ловците на Јапонските сили за самоодбрана тргнале во придружба на руските авиони, кои, наводно, влегле во јапонскиот воздушен простор.

Инцидентот се случил во близина на Окинава и островот Хачиџо-Џима во јужниот дел на Јапонија, објави новинската агенција „Кјодо“.

Треба да знаете
Последни објави