Search

Јапонија ја укинува вонредната состојба во цела земја

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска најави дека вонредната состојба што беше во сила во Токио и четири други административни области од средината на мај поради пандемијата на коронавирус ќе биде укината во текот на денот, но предупреди за можноста за повторно воспоставување на ограничувања доколку се шири вирусот. .

Абе зборуваше на прес-конференција, откако неговата влада ги укина ограничувањата на 14 мај во повеќето префектури, освен Токио и четири други региони каде остана во сила..

Јапонскиот премиер, исто така, најави дека вкупниот износ на стимул за економијата на земјата, која исто така е погодена од пандемијата, ќе достигне 200 трилиони јени преку два пакети за помош, но предупреди дека ќе биде потребно долго време животот да се врати во нормала.

Абе истакна дека и биле потребни на неговата земја само месец и половина да го запре ширењето на инфекцијата, додавајќи дека тоа ја покажало силата на „јапонскиот модел”.

Треба да знаете
Последни објави