Search

Јанушев: Со мерките во Проект „Обнова” ќе ги задржиме младите во Македонија

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на кандидати за пратеници на коалицијата предводена од оваа партија во ИЕ 3, Игор Јанушев денеска во Велес имаше средба со културни работници и со младите.

Јанушев порача дека со многу труд, многу работа и вложување ќе се направат работите подобри за секого.

За културните работници Јанушев најави дека еден денар од акцизата на горивата ќе оди директно како буџет за развој на културата или околу 15 милиони евра секоја година.

– Она што можам да го видам кај луѓето од оваа фела, впечатокот е дека едвај чекаат да почнат да творат одново, рече Јанушев.

Тој најави и многу мерки кои ги опфаќаат токму младите.

– Отворајќи 50 илјади нови работни места кои ќе ги опфатат и младите е поттик да останат во државата. Тука е и целосно укинување на персоналниот данок за сите нови вработувања за млади лица до 29 години, потоа префрлување од приватна во државна квота за студентите кои оствариле просечен успех на 8,5, со тоа средствата кои треба да ги плати семејството ќе останат во домашниот Буџет. Пет проценти пак од најдобрите студенти ќе го продолжат своето образование на постдипломски студии на државен трошок, а три проценти од најдобрите магистранти ќе продолжат на докторски студии на државен трошок, рече Јанушев.

Јанушев на крајот порача „Македонијо исправи се, време е да го вратиме националното достоинство, да бидеме горди Македонци”.

Треба да знаете
Последни објави