Search

Јанушев: Правните норми се јасни – не се можни избори во јуни како што сака Заев

Вечерва во вестите на Канал 5 свое вклучување имаше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој што посочи дека единствената стратегија на ВМРО-ДПМНЕ е здравјето на граѓаните.

„Единствената стратегија која ВМРО-ДПМНЕ ја има е здравјето на граѓаните и ние од тоа нема да отстапиме. А јасно е дека избори во јуни нема да има, и законот тоа не го дозволува. Правните норми не го дозволуваат тоа. Едноставно не може да испочитуваат сите рокови за подготовка на избори кои ќе се одржат во јуни”, истакна Јанушев.

Според Јанушев она што го говори Заев е нереално.

„Знаеме дека ултиматуми на Заев се невозможни, иако од него се може да се очекува. Сепак единстен кој може да утврди датум за избори е претседателот на Собранието, а тоа нема да се случи ако нема консензус. Значи нема да распише избори. Доколку  пак од СДСМ сметаат дека тоа може владата да го направи сама со уредба со законска сила и ако прават манипулации не верувам дека ќе го постигнат тоа”, појасни Јанушев.

„Стремеж на Република Македонија е членството во ЕУ од самото осамостојување односно од независноста на државата. Сите претходни влади работеле на ова прашање  да се случи, но за жал по сите најави, по се она што се случуваше изминативе години, сите условно неколку датуми ги добивме и ги прославивме, отпочнување на преговори сепак тоа не се случи. Ако се земе во предвид кој ја води државата нормално е дека Репумлика Македонија нема да отпочне преговори,” истакна Јанушев.

Јанушев порача дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја преземе власта во државата буквално во сите сегменти ќе биде подобро од ова што го гледаме овие 3 години.

Треба да знаете
Последни објави