Search

Јанушев: На 15 јули доаѓа крајот на уцените, криминалот и корупцијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на пратеници во Изборната единица 2 Игор Јанушев, на средбата во Пехчево истакна дека македонскиот народ во моментов се бори со два вируси. Едниот е корона вирусот, а другиот е вирусот криминал и корупција персонифицирани во ликот на Зоран Заев.

Три години, време на уцени, криминал, корупција. Редно е да ставиме крај на сето ова.

Јанушев порача дека на 15-ти јули мора да се излезе и масовно да се гласа. Да се порази ова зло наречено СДСМ. Со пенкало во рака, на еден демократски начин, да се стави крај на сите погубни политики.

На СДСМ им е испеана песната, толку е. Им следи страшен пораз.

ВМРО-ДПМНЕ има програма на 360 страни, со над 1000 проекти. Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, тоа се исполнува. Ние се обврзуваме на тоа.

Игор Јанушев потенцираше дека целта на програмата е да има повеќе за секого. Да не се заборави ниту еден граѓанин на нашата земја.

Мора да се врати достоинството кое изминатите три години е погазено од страна на СДСМ. Република Македонија мора да се исправи и гордо да чекори.

Јанушев истакна дека останува уште многу малку, уште 1/3 од изборната кампања. Тоа значи дека ќе дојде време за одговорност за сите криминали и за сите кршења на законите. За уцените и заплашувањата на кандидатите за пратеници и на уште многу функционери од ВМРО-ДПМНЕ ќе следи одговорност.

Неправдата ќе мора да си замине, а на нејзино место да дојде правда. Државата мора да тргне напред.

На 15-ти јули да излеземе на избирачките места, да го заокружиме бројот 14 и да славиме победа на ВМРО-ДПМНЕ, победа на Обновата на Македонија!

Треба да знаете
Последни објави