Search

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ не е организатор на протестот најавен за в недела

ВМРО-ДПМНЕ не е организатор на протестот најавен за в недела, изјави генералниот скеретар на партијата, Игор Јанушев.

„Нормално демократско право е на секој да излезе и да го искаже своето незадоволство, својот револт од оваа неспособна власт. ВМРО-ДПМНЕ не се јавува како организатор на протестот, меѓутоа нормално дека сè што е во насока на демократско изразување на волјата на граѓаните, особено во овој дел каде што ВМРО-ДПМНЕ пред се предничи и ја води оваа битка против промената на Уставот, нормално дека сме на истата страна“, одговори Јанушев на новинарско прашање дали партијата го поддржува најавениот протест од страна на повеќе граѓански здруженија.

Треба да знаете
Последни објави