Search

Јандроковиќ: Претседавањето со ЕУ е потврда за хрватската посветеност на европските вредности

Претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ , на отворањето на состанокот на претседатели на парламентарни комисии за европски прашања од земјите-членки на ЕУ, изјави дека хрватското претседавање е потврда за нејзината „строга посветеност” при промовирањето на европските вредности.

– Претседавањето е потврда на нашата строга посветеност да учествуваме, заедно со другите членки, во промовирањето на европскиот проект и промовирањето на заедничките вредности, изјави Планковиќ и додаде дека Хрватска е цврсто определена за европските вредности и принципи.

– Ќе заговараме Европа, втемелана на заеднички вредности, еднаквост, почитување на взаемните интереси и разлики, истакна хрватскиот спикер.

Според него, клучни теми за време на хрватското претседавање ќе биде повлекувањето на Велика Британија од ЕУ, усвојување на Повеќегодишна финансиска рамка за периодот 2021-2027 и продолжување на политиката на проширување.

Тој потенцираше дека Хрватска „силно поддржува” проширување на ЕУ и оти во „политичка, безбедносна и економска смисла” тоа е европски интерес, пренесува Хина.

– Секое откажување од европската веродостојност на ова подрачје ќе резултира со јакнење на влијанието на другите фактори, оцени Јандроковиќ. Тој дополни дека критериумите за членство во ЕУ треба да бидат доследни и применливи за индивидуален пристап.

Треба да знаете
Последни објави