Search

Јанакиески открива зошто е убиен рибарот од Црешево во „Монструм“

Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи остануваат обвинители во случајот „Монструм“, но овојпат наместо од Специјалното јавно обвинителство се обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. На денешното рочиште конечно се отворија долгоочекуваните прислушувани разговори, кои се нови докази во постапката, а кои според Фетаи, се 25 на број- објави МКД.

Во дел од разговорите го има и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој во неколку наврати разговара со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Во една од „бомбите“ снимена на 13 април 2012 година во 20.35 часот Јанакиески разговара со извесен соговорник Кире Бошков. Соговорникот го прашува Јанакиески „да не има информација нешто во врска со убиството на децата“, а Јанакиески му одговара дека се видел со Јанкулоска, била кај него, дека децата биле мирни, не биле криминалци, а наводно, како што вели, постариот, односно рибарот од Црешево е убиен заради сведок.

„Рафално се убиени и во глава се пукани, многу грозно. Децава не биле криминалци, туку мирни деца, а овој стариот бил убиен најверојатно ради сведок“, му вели Јанакиески на соговорникот во една од „бомбите“.

Треба да знаете
Последни објави