Search

Ѓошевски: Својата невиност ќе ја докажам пред судот, амнестијата ја оставам на комисијата која преговара

Горан Ѓошевски, првиот човек на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски и обвинет за „крвавиот четврток“ вели дека целото прашање околу амнестијата на обвинетите за 27 април го остава на комисијата која е задолжена за тоа и тврди дека нема намера да се меша во политички одлуки.

,,Јас својата невиност сакам да си ја докажам пред судот, не можам, а не ни сакам да се мешам во политички одлуки. Јас сум полицаец кој сум постапувал по своите задачи, одлуките за амнестијата ја препуштам на комисијата која преговара”, рече Ѓошевски.

Треба да знаете
Последни објави