Search

Ѓорѓиев: Дојдовме, видовме, научивме

Капитенот на македонската одбојкарската репрезентација Никола Ѓорѓиев, еден од најдобрите поентери по групната фаза на Европското првенство кое се одржува во четири земји на Стариот континент ги охрабри неговите соиграчи и сите љубители на одбојката во земјава по дебитантскиот настап на „црвено-жолтите“ кој заврши по групната фаза.

–Благодариме луѓе, благодариме Македонија. Дојдовме, видовме, научивме. До следното лето, напиша популарниот Никола на социјалните мрежи.

Продолжениот престој на ЕП за македонската репрезентација и преслебата од Словенија во Франција, зависеше од исходот на дуелот во групата Ц меѓу Турција и Финска. Само победа на Турците  ги водеше македонските одбојкари во осминафиналето на ЕП, каде требаше да патуваат во Нант и да се соочат со француската селекција.

Финска со пресврт дојдоа до поскауваната победа од 3-2 во сетови против Турција и наместо Македонија од Љубљана отпатува за Нант.

Треба да знаете
Последни објави