Search

Ѓорѓиев вторпат е одбојкарот на денот според ЦЕВ

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев вторпат е избран за играч на денот според ЦЕВ(Европската одбојкарска репрезентација). Лидерот на македонската репрезенатција Ѓорѓиев беше вистински капитен, ги предовдеше своите соиграчи во голема победа над фаворизираната Словенија со 3-1 во сетови, притоа оставрувајќи скор од 24 поени.

Овој потфат Ѓорѓиев го остварува за неполни 24-часа, ако се знае дека претходниот ден истата улога ја одигра и протиов Белорусија, понетирајќи 37 пати.

Ѓорѓиев собра вкупни 61 поен на овие два меча. Со вкупно 96 поени Ѓорѓиев е на првото место на листата на поентери на ЕП, но Македонија ги заврши настапите од групната фаза, па второпласираниот Холанѓанец Нимир Абдел – Азиз  кој има 94, денеска со својот државен тим ќе го игра последниот меч од групната фаза и ќе има прилика да го симне од врвот македонскиот капитен.

Меѓу првите 20 поентери на ЕП е и Александар Љафтов, кој моментно е рангиран на 14.позиција со вкупно 62 поени.

Треба да знаете
Последни објави