Search

Ѓоковиќ во финалето во Рим: Судијата го налути, па Ноле му одржа лекција на Руд

Првиот носител Новак Ѓоковиќ е прв финалист на Мастерс турнирот во Рим. Српскиот тенисер во полуфиналето го совлада Каспер Руд со 7-5, 6-3 во меч кој беше нивен прв меѓусебен дуел. Во финалето, Ѓоковиќ ќе се сретне со Денис Шаповалов или Диего Шварцман.

Во првиот сет, Норвежанецот Руд водеше со 5-3 во гејмови, но потоа фаворитот освои четири гејма едноподруго од кои два беа многу неизвесни, па Ѓоковиќ го зеде првиот сет. Руд после една спорна одлука во негова полза, имаше и сет-топка, но не ја искористи и беше казнет. Таа судиска одлука го налути Ѓоковиќ кој стана порешителен, и тој инает му помогна да заигра подобро.

Во вториот сет немаше толкава драма, првиот носител рутински ја одработе задачата.

Треба да знаете
Последни објави