Search

Штрајк на италијанските лекари од општа пракса

Италијански лекари од општа пракса денеска  почнаа штрајк со почитување на минималната работа, посочувајќи дека локалните здравствени системи низ Италија се во колапс поради пандемијата од Ковид-19.

АНСА пренесува дека лекарите од општа пракса и педијатрите наведуваат дека во оваа фаза од пандемијата, во колапс не се само болниците и службите за итни случаи, туку и локалните служби.

Тие бараат засилување на услугите од општа пракса во локалните области и вработување на голем број лекари од општа пракса, дежурни ноќни лекари, лекари во итните служби и казнено-поправните установи, како и на педијатри.

Штрајкот, со почитување на минималните услови за работа, го почнаа синдикатите во кои 45 отсто од членовите се лекари за општа пракса.

Треба да знаете
Последни објави