Search

Штрајковите и протестите по изборите ја чинат Боливија 167 милиони долари

Штрајковите и протестите по изборите во Боливија ја чинеа економијата 167 милиони долари, изјави министерот за економија и јавни финансии во Боливија, Луис Арче, пренесува ТАСС.

„Во Министерството за економија пресметавме врз основа на податоците дадени од Националниот институт за статистика дека загубите во последните 14 дена изнесуваат 167 милиони долари“, рече Арче.

Тој додаде дека поради штрајковите и протестите, на боливиските власти им е сè потешко да собираат даноци и да исплаќаат пензии.

Претседателските избори во Боливија се одржаа на 20 октомври. Според Врховниот изборен суд, актуелниот претседател Ево Моралес е прогласен за победник на овие избори. Неговиот главен конкурент Карлос Меса изјави дека не ја признава победата на Моралес во првиот круг.

Откако беа објавени резултатите од изборите, почнаа протести и штрајкови низ целата земја. Моралес прогласи вонредна состојба и ја обвини опозицијата за обид за државен удар.

Треба да знаете
Последни објави