Search

Штрахе тужи три лица за скандалот поради кој падна австриската влада

Лидерот на десничарската партија и досегашен вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе поднел тужба против три лица, откако падна во замка со снимениот разговор на Ибица за наместени тендери. Штрахе поднел тужби против виенски адвокат, детектив и против непознато женско лице, кои го намамиле во видео снимка на Ибица поради којшто падна австриската влада на чело со канцеларот Себастијан Курц.

Не е познат идентитетот на жената, која на снимката се претставува како внука на руски милијардер и на која Штрахе и ветува предност на државните тендери вредни 250 милиони евра.

Тужениот виенски адвокат ја договорил средбата на Ибица, додека австрискиот детектив се претставил како соработник на лажната внука. Видеото е снимено на Ибица во 2017 пред да дојде партијата на Штрахе на власт како дел од коалициската влада на Австрија.

Видеото беше објавено неодамна, за време на предизборната кампања за европските избори.Како псоелдица на сландалот, Штрахе и петмина министри од неговата партија во понеделникот ја напуштија владата, а Курц најави предвремени избори во септември.

Треба да знаете
Последни објави