Search

Штрахе се враќа во политиката

Поранешниот лидер на Слободарската партија на Австрија (ФПО) и поранешен вицекандцелар Хајнц-Кристијан Штрахе денеска се враќа на политичката сцена со говор на собирот на Сојуз за Австрија (ДАО).

ДАО е формирана кон крајот на минатата година од страна на поранешни функционери на ФПО, блиски соработници на Штрахе.

Според информации на австрискиот дневен весник „Естерајх” говорот на Штрахе ќе биде борбен.

– Може да се падне, но потоа мора повторно да се стане. Ќе останам секогаш верен на себе и нема да ги оставан на цедило луѓето кои веруваат во мене, изјави Штрахе пред денешниот говор на Сојузот за Австрија.

Штрахе во мај минатата година беше принуден да поднесе оставка од сите политички функции поради корупциската афера Ибица.

Треба да знаете
Последни објави