Search

Штитеник избегал од „Ранка Милановиќ“ па ја истепал мајка си и со нож се заканувал на продавачка

Штитеник избегал од јавната установа „Ранка Милановиќ“ по што отишол во домот на неговата мајка и ја истепал, а со нож се заканувал на продавачка, вчера во скопската населба Кисела Вода.

Според полицијата, вчера во 14.30 часот вработени во домот пријавиле во ПС Гази Баба дека дента околу 9.45 часот, 17-годишниот штитеник ја напуштил установата.

Истиот ден во 15.50 часот во ПС Кисела Вода, Љ.К.(47) од Скопје пријавила дека околу 14 часот во семејниот дом дошол нејзиниот 17-годишен син, кој избегал од „Ранка Милановиќ“ и ја истепал.

Истиот ден во ПС Кисела Вода и скопјанката Т.М.(39) пријавила дека во продавница на улицата Христо Татарчев додека била на работното место 17- годишниот малолетник влегол со нож во раката и и се заканувал.

Полицијата го пронашла насилниот малолетник и го вратила во установата од каде се оддалечил. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави